Прикажување од 1 до 17 од 17 примени коментари.
Пратката ќе ми биде доставена по крајот на целата недела, а пораката ми ја испратиле пред два дена🤷🏻♀️ Ужасно искуство!...
Крајно не професионално и неуважително. Доставувачите се однесуваат неуважително и дрско, како да работат без пари, а не се заинтересирани за квалитетна услуга, ниту пак знаат што прават клиентите.
Сметам дека африканските пошти функционираат организирано и професионално од нив!
Личилецот ме украде. Многу лоша услуга, никогаш нема да се вратам овде. Колку е срамота да купиш став со парите што ми ги украде.
На крајно не професионални. Се јавив да видам дали пратката е во нивниот магацин за да ја подигнам. Ми рекоа по презиме не можат да бараат, ниту по телефонски број, ниту на друг начин, со моето име нормално имало милион пратки. Ок. Реков дај види дали е таму што да правам јас вие сте одговорни.
Аха добро, го слушав како си прави безвезе муабет во позадина, го фати телефонот и ми исклучи.
Да ви се помочам во услугата. За ништо не ве бива и не заслужувате работа! И 200 евра на месец премногу ви се!
Брзата испорака е три пати побрза.
Контактот не е достапен, серверот за пораките не функционира, пораката не може да се испрати, се доставува во касно време, така што повторно, не ни је жал за ништо.
Поштенскиот сервис е катастрофа! Подобро ќе биде да го одам лично и да не зависам од нивната невозможност уште еднаш.
КА-ТА-СТ-РО-ФА од сервис. Не ми се верува кога почнав да го пишувам коментаров дека има бројни задоволни клиенти од оваа неспособна компанија. Не еднаш да направија пропуст туку три пати последователно за три пратки во рок од една недела. Првата пратка иако со направена резервација претпалдене не ја подигнаа и воопшто не ме информираа дека нема да ја подигнат. Кога се јавив да прашам зашто не ја подигнаа пратката почнаа да лажат, као комбето било во квар, па тој што бил задолжен за мојот реон не можел да пројде бидејќи вејќе еднаш поминал и бла бла бла. Потаоа праќам пратка со откуп за Ресен за следниот ден од незадовлниот купувач да разберам дека пратката не стигнала и дека по грешка заглавила во Битола. И за ова навреме не бев информиран. И капаче на се, пратка што беше адресирана до мене доцни 4 дена и кога се јавив во кол центарот да се пожалам за доцнењето оправдување им беше дека доставувачот бил на боловање!!! А дрската операторка на мојата забелешка дека не ме интересира кој е на боловање и на одмор, почна да се расправа со мене и место да се извини за доцнењето ми предложи да си најдам друг сервис. Иронијата да е поголема, кога просурфав и ги прочитав коментарите за другите карго сервиси кај нас сватив дека под "Карго Експрес Дното" има уште многу спратови. Се ова може да се сублимира во: "Да се спакуваат и да се испратат у три фине..."
Солидна услуга, ама многу кратко време за превземање на откуп (11-17 часот). Човек со работни обврски практично неможе да го земе.
Внатре 3-4 момчиња трупаат, запираат, плаќаат, работат како муви без глави, а сите други ги држат ѕидовите да не паднат. Гледаат жена со неколку тешки пакети како крева, спушта, отвара врата со лакти и баш им е гајле. Сеирџии, ако од дома не ве воспитале, редно е фирмата да ве научи на протокол со клиенти. Брука.
...Кој работи и греши, а професионалците ги користат своите грешки како стартни точки на усовршувања и надградби, наместо како навика и практика... Токму во тоа е и успехот на Карго Експрес, не затоа што се први или меѓу првите, туку затоа што работат по патот кој е трасиран од нивните грешки и фидбекови на корисници... Досега во долгорочното користење на услугите не сум имал некаков поголем проблем, но било каква препорака или рекламација секогаш била добронамерно прифатена и позитивно имплементирана или надмината... Кратко кажано: најбрза достава (нормално секогаш и секаде постојат исклучоци), најниски цени за услуга, најпристапен начин на работење... (Што не е случај со секојдневно новоотворените "компании" за достава кои претежно функционираат од пикап или караван автомобил)...
Крајно непрофесионален и дрзок персонал во централата во Скопје, не се јавуваат за достава, ниту пак информираат кога стигнала пратка.
Никаква професионалност и работна етика.
Најлошо искуство со компанија за достава.
Катастрофа. Не ми одговорија на телефонот, ги потрагав 20 пати. Повеќе никогаш нема да ги потражувам.
Арогантни, вулгарни и дрски односи на дел од вработените, кои сакаат физички да се пресметаат со странките. Има кривични пријави за физички напад, ама истите сè уште работаат на истите позиции.
Добри услуги и испорака на време
Со еден збор катастрофа! Внимавајте, ќе сакаат физички да ве нападнат Доколку и најдете забелешка! Имено, кај ист гејт карго експрес по наплатата ги оставија пакетите пред врата и си влегоа внатре,откако ги прашав зошто не ги стават пакетите во возилото, дрско ми одговорија што не си ги ставиш ти, на што и јас и одговорив дрско и тргна тој што наплаќа со пцовки да ме навредува и физички да ме нападне. Еднаш и никогаш повеќе!!!